• Ελληνικά
  • English
  • македонски јазик

Цели

Целта на проектот REMEDIC е развој на две лабораториски единици посветени на ракување и манипулација со матични клетки: една на Медицинскиот факултет на Универзитетот “Аристотел” во Солун и една на Универзитетот “Св. Климент Охридски”- Висока медицинска школа во Битола.

За реализација на проектот странките ја препознаа потребата да се продолжи со дискретни чекори вклучувајќи:

  • Организирање и менаџирање на имплементацијата на проектот;
  • Извршување на потребните задачи во однос на развојот на инфраструктурата каде ќе бидат приспособени лабораториските единици;
  • Купување и инсталирање на потребната опрема и прилагодување на објектите во кои ќе се инсталираат;
  • Развој на функционални протоколи за изолација, експанзија, диференцијација и одгледување на матичните клетки или видови на клетки за кои ќе се одлучи да се одгледуваат во текот на проектот, во зависност од најновите достигувања во полето на клеточните терапии;
  • Размена на стекнатото знаење меѓу двете страни и научната заедница и воспоставување на врски со пазарот.