• Ελληνικά
  • English
  • македонски јазик

Основни податоци за проектот

Регенеративната медицина е поле со брз развој во различни дисциплини, користејќи го потенцијалот на клеточните терапии со цел да се зачува  здравјето и човечкиот живот. Овие терапии од неодамна се подобрени и напреднати  благодарение на   научните достигнувања во полето на матичните клетки.

REMEDIC проектот е развиен како алатка за подобрување на веќе постоечките капацитети на инволвираните страни за да се олесни трансферот на технологии и да се создаде јадро во балканскиот регион, со кое ќе може да се приспособат и продолжат постигнувањата во полето на регенеративната медицина.